Убиени тројца турски полицајци во бомбаши напад на ПКК

Убиени тројца турски полицајци во бомбаши напад на ПКК
Убиени тројца турски полицајци во бомбаши напад на ПКК

Во бомбашки напад врз блиндирано полициско возило на автопат во југоисточна Турција, борци на Курдската работничка партија (ПКК) во текот на изминатата ноќ убија тројца турски полицајци, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на извор од турските безбедносни сили.

Друг припадник на полицијата е  тешко ранет во напад изведен во округот Мардин. На локалниот пат бил подметнат експолозив, што со далечинско бил активиран. Полицијата во округот распореди  повеќе контролни пунктови во обид да ги фати напаѓачите.

Турските безбедносни сили, истовремено, убиле девет борци на ПКК во судири на различни места низ југоисточниот регон на земјата, населен главно со Курди, посочија истите извори.

ПКК, која од Турција, САД и ЕУ е прогласена за терористичка организација, од 1984 година води сепаратистичка војна, а за тоа време во земјата загинаа над 40.000 лица.