Убиениот фудбалер добивал заканувачки пораки на телефон

Полицијата се’ уште трага по убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев кој беше изрешетан викендов во скопски Аеродром.

Мартин како што раскажуваат оние кои го познавале за ТВ Телма  периодов бил вознемирен, добивал заканувачки пораки на телефон, а дел од роднините велат дека тој дента и во кафулето се видел со лица поврзани за убиството, но мотивот засега е непознат.

Дваесет и осум годишниот Мартин бил застрелан 4-5 пати во пределот на главата и вратот со пиштол.

МВР трага по осомничениот и обезбедени се и сведоци кои ќе го препознаат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.