Убиениот Марко во војната останал без татко, а не го дочекал ни своето внуче

Момчето кое настрада во Истанбул само неколку часа пред убиството бил пресреќен затоа што сестра му му кажала дека ќе стане вујко.

Цела Србија тагува поради трагедијата којашто се случи во Истанбул, кога пред натпреварот меѓу Галатасарај и Црвена Звезда, 25-годишниот Марко Ивковиќ беше прободен и убиен.

Заедно со своите другари сакал да ги бодри црвено-белите, не правел инциденти и бил момче за пример, за што сведочат неговите познаници.

Живеел во Земун со мајка му и сестра му, а имал и долгогодишна девојка.

-Марко се качи на столче и ја подели со нас среќната вест дека ќе стане вујко. Наздравивме. Таа слика нема да ја заборавам додека сум жив. Беше пресреќен, а сега го нема. Знам дека за покојните се зборува само најдобро, но нашиот убиен „бригадир“ навистина беше златно момче, вели еден од „делиите“ кои го познавале Марко.

Тој е роден во Задар, а во 1995 година избегал од Краина, каде што во војната го изгубил својот татко. се преселил во Јагодина, а на осум години доаѓа со семејството да живее во Земун.

Погребот на Марко Ивковиќ ќе се одржи утре во 15 часот на гробиштата во Бежан

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.