Убиено 13 годишно палестинско момче

Припадници на изреалеската војска убиле 13 годишно палестинско момче во едно село на Западниот брег, пренесува Ројтерс.

Момчето е погодено во градите по конфронтацијата на мештаните од селото Бејт Ликија и вооружените сили, кои пробувале да се пробијат до израелската граница.

Војниците биле нападнати од група млади момчиња кои фрлале камења, по што Баха Бадр е ранет, а починал на патот кон болницата, наведуваат палестински извори.

Израелската страна, демонстрациите ги окарактеризирала како илегални, а вооружената интервенција ја оправдала реакцијата бидејќи освен камења врз војниците биле фрлени и неколку молотови коктели.

Новите тензии меѓу Израел и Палестина започнаа во јули оваа година, кога израелската војска го нападна појасот Газа. Во текот на седуммесечното бомбардирање загинале повеќе од 2.000 цивили.

По мировните преговори, во кои посредуваа офлицијални лица во Каиро во Египет, постигнато е примирје, а признавање на Палестина за држава најавија неколку европски земји меѓу кои најгласни се Шветска и Велика Британија.