Убиено 8-годишно девојче во кавга околу кучиња (ВИДЕО)

Убиено 8- годишно девојче во кавга околу кучиња
Убиено 8- годишно девојче во кавга околу кучиња

Единаесетгодишно дете уби 8-годишно девојче во американската држава Тенеси бидејќи таа не сакала да му покаже мали кучиња.

Американската полиција соопшти дека детето пукало во девојчето Латаша Даер од пиштол кој неговиот татко легално го поседувал бидејќи малата сосетка не сакала да му ги покаже нејзините две кучиња.

Детето е обвинето за првостепено убиство како малолетник, јави Би-Би-Си. Убиството се случило во саботата во мало место во близина на Кноксвил во Тенеси.

Американската непрофитна организација Архива за оружено насилство соопшти дека во оваа година 559 деца на возраст од 11 години или помлади, се убиени или повредени во оружено насилство во САД.