Македонија

Убијците на браќата во тетовско се нивни роднини

Убијците на браќата во тетовско се нивни роднини
Убил човек па молел да го извадат демонот од него

На двојното убиство во тетовско Мерово, каде беа убиени двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, му претходела кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство.

-Утринава во периодот од 6:00 до 7:00 часот настанала кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство. Во пресметката меѓу нив било употребено и огнено оружје, при што од живот се лишени двајцата браќа од едната група, а телесно е повреден нивниот татко. Од другата, спротиставена група повредени се две лица кои со телесни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Истрагата на надлежното Основно јавно обвинителство Тетово продолжува во насока на прибирање на материјални докази со цел расветлување на настанот.