Убил четири деца, па се самоубил

Човекот кој речиси цел ден држел четири деца како заложници во Орландо, Флорида ги убил, а потоа извршил самоубиство, јавуваат локалните медиуми.

Напаѓачот, кој беше идентификуван како Гери Вејн Линдзи (35), вчера влегол во куќата во која биле децата и се забаррикадирал, откако пукал и ранил полицаец.

Полицијата се обидела да му даде телефон на Линдзи за да преговараат, но тогаш виделе како тој убива едно од децата.

Тогаш влегле во станот во обид да ги спасат другите, но било премногу доцна. Тие пронашле четири мртви деца на возраст од една до 11 години, како и телото на Линдзи.

Според локалните медиуми, две деца биле на Линдзи, а две на неговата девојка со која се скарал и физички ја нападнал, по што била повикана полицијата, на која убиецот отворил оган.

Линдзи имал богато криминално досие и бил обвинет за кражби, напади и за нелегално поседување на огнено оружје.

Шефот на полицијата во Орландо, Џон Мина рече повредениот полицаец бил однесен во болница, каде му била извршена операција, и се очекува тој да преживее.