Убила командант на ИД затоа што ја продавал како сексуална робинка

ИД ќе напаѓа цели и во САД
ИД ќе напаѓа цели и во САД

Жена од Ирак му се одмазди на командант на ИД – Исламска држава затоа што ја приморувал да биде сексуална робинка. Жената убила командант на ИД во близина на гладот Мосул.

Жената го убила постариот командант познат како Абу Анас, три месеци откако тој ја присилил да се омажи со неколку мажи кои се под негова команда, изјавил портпаролот на Курдистанската демократска партија Саед Мамоузини за телевизијата ал Сумариа, пренесува Раша тудеј.

Командантот бил убиен во саботата во областа Тал Роман, западно од градот Мосул кој е под контрола на милитантите.

Убила командант на ИД затоа што ја продавал како сексуална робинка
Убила командант на ИД затоа што ја продавал како сексуална робинка

Засега нема информации на кој начин бил убиен милитантот, ниту пак се соопштува што се случило со жената, која според некои извештаи е од малцинската група на Јазидски Курди.

Агенциите наведуваат дека оваа информација се појавила само неколку дена откако беше објевено дека голем број жени што не се од Ирак биле пренесени во Мосул за да бдат сексуални робинки, со директна наредба од лидерот на ИД Абу Бакр ал-Багдади.

Инаку ова не е прв случај жена да се одмазди на ИД. Во август милитантите на ИД наводно егзекутирале 15  жени во воената база Газлани во близина на Мосул, откако жртвите одбиле да се омажат за терористите. Уште 19 други жени беа егзекутирани поради истите причини во јули.

Мосул е втор по големина град во Ирак и е под контрола на ИД од јуни 2014-тата. Милитантната група во овој град воспоставила повеќе пазари каде се продаваат сексуални робинки. Најчесто на пазарот се нудат жени од малцинските групи, како Јазиди, христијанки и шии.

Често жените на пазарите ги соблекуваат голи и ги продаваат на оние што ќе понудат највисока цена за нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.