Убиле два лоса, па потоа сфатиле дека пукаат во Зоолошка

Група ловци во Норвешка убиле два лоса, а само неколку секунди подоцна сфатиле дека пукаат низ оградата на Зоолошката градина.

Ловците се јавиле во Зоолошката и ја пријавиле нивната грешка, како што пренесуваат локалните медиуми.

Тие рекле дека кучињара што ги користеле во ловот на лосови ги однеле во близина на паркот и дека не сфатиле дека пукаат во Зоолошката градина Полар парк, која се наоѓа во северна Норвешка, во близина на градот Нарвик.

Директорот на Зоолошката градина, Хајнц Штајман изјавил дека неможе да поверува во тоа што се случило.

Мислам дека е мошне тажно и не е во ред. Имавме пет лоса, сега имаме само три, изјавил за весникот „The Local“.

Според тамошните власти, ловците нема да одговараат, затоа што изразиле жалење поради грешката што ја направиле.

Инаку Зоолошката градина Полар парк се протега на 570 километри квадратни а животните во неа престојуваат „во нивната природна околина“.