Свет

Убиство и самоубиство на Универзитетот Јужна Каролина

Убиство и самоубиство на Универзитетот Јужна Каролина

Полицијата на Твитер соопштила дека до пукањето дошло во зградата на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јужна Каролина.

Во пукањето на Универзитетот Јужна Каролина во САД, вчера биле убиени две лица, а полицијата наведува дека станувало збор за “изолирани случаи” на убиство и самоубиство, објавиле американските медиуми.

u1

Полицијата на Твитер соопштила дека до пукањето дошло во зградата на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јужна Каролина.

“Изгледа дека станува збор за убиство и самоубиство. Тоа биле изолирани инциденти на Медицинскиот факултет”, навела полицијата.

u2

Откако се случило пукањето, зградата на факултетот била блокирана, а полицијата на сите во зградата им наложила да заминат на безбедно место и да не излегуваат надвор.

Предупредувањето за опасност било повлечено по 45 минути, кога полицијата објавила дека повеќе не постои опасност за универзитетскиот комплекс.