Убиство и самоубиство во центарот на Белград

Во центарот на Белград денеска околу 12:30 часот се случило убиство и самоубиство, потврдуваат од Брзата помош.

Станува збор за две лица, маж на околу 55-годишна возраст и жена на околу 45-години. Екипата на брзата помош веднаш заминала на терен, но за жал само ја констатирале смртта на мажот и жената, изјавиле од брзата помош.

Засега не е познато колку лица учествувале во престрелката, но како што дознава српски Курир трагедијата се случила во кафичот „Fracci“ во центарот на градот.

Очевидците изјавиле дека пред околу еден час слушнале пукање кое доаѓало од кафичот. Се претпоставува дека причинатра била невозвратена љубов и дека станува збор за маж и жена. Наводно мажот ја убил жената поради љубомора, па потоа сам си пресудил.

Фотографија: РТС

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.