Убиство на полициска двојка во Париз, ИД ја презеде одговорноста

Џихадистичката ИД ја презеде одговорноста за убиството на полициски службеник и на  неговата партнерка во Мазавил (Ивлин) во парискиот регион, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според судски извори, антитерористичкиот  обвинител ја презеде истрагата поради „целта”, односно убиството на полицискиот службеник и начинот на убиството и „коментарите” од страна на убиецот за време на преговорите со RAID (специјалните полициски сили за брзи интервенции).

Одговорноста за двојното убиство ја презеде терористичката организација Исламска држава (РИ), изјави судски извор.

Убиецот бил следен од полицијата поради радикализирани ставови и учество во радикална група.

Од крвавиот напад преживеа само тригодишното дете на брачната двојка полицајци, кое е неповредено.

Првата жртва е полициски командир на 42-годишна возраст. Тој беше убиен синоќа околу 21 часот пред својот дом, во станбениот дел од Мазавил. Убиец го избодел со нож пред куќата. Набргу потоа, сите жители на квартот биле евакуирани од полицијата.

По неуспешни преговори, специјалците го ликвидирале напаѓачот, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Пјер-Анри Брандет.

Ќе се расветли случајот и точната природа на оваа ужасна трагедија”, изјави во текот на ноќта претседателот Франсоа Оланд.

Изутринава е предвиден состанок  во Елисејската. Од своја страна, премиерот, Мануел Валс, ја искажа својата и “солидарноста на целата нација  со полицијата”  повикувајќи да се “отфрли стравот, и на борба против тероризмот”.