Убиство во Струга: Убиецот на Муслиу и се предал на полицијата

Момчето што пукаше во заменик директорот на УЈП, Артан Муслиу познат и како Аргетим Асани во Струга денес и се предал на полицијата. Ова се најновите информации поврзани со денешното убиство во Струга.

Како што пишува порталот „Курир“ лицето кое попладнево  го застрела Артан Муслиу е 23-годишниот А.К..

Според првичните информации, А.К. заедно со оружјето и се предал на полицијата и го признал делото. Во моментов тој се носи во просториите на СВР Охрид каде ќе биде извршен разговор со него за целосно расчистување на убиството.

Полициските екипи пак вршат претрес во неговиот дом.

Убиениот имал две имиња

Инаку, жртвата на денешното убиство во Струга, заменик директор на УЈП и член на Управниот одбор на ФФМ имал две имиња – Аргетим Асани и Артан Муслиу. Првото му е поновото.

Застрелан од автомобил во движење

Убиство во Струга: Убиецот и се предал на полицијата
Убиство во Струга: Убиецот и се предал на полицијата, фото: Ohrid news

Заменик директорот на УЈП, Артан Муслиу во Струга беше застрелан на улицата „Марк и Енгелс“ од автомобил „Голф“ кој бил во движење.

Околу 13.20 ч. на ул. „Маркс и Енгелс“ во Струга пукано е врз жител на Струга роден 1973 година. Кон него е пукано од возило во движење марка „Голф“, информираат од СВР Охрид.

ДУИ негира дека Муслиу (Асани) бил нивни член

По денешното убиство во Струга, во јавноста се појавија информации дека жртвата е функционер на ДУИ.

Инаку, иако Асани се сметаше дека е близок до ДУИ,  денес од партијата го осудија последниот инцидент во Струга и истакнаа дека убиениот заменик директор на УЈП ниту е член на партијата ниту е партиски функционер.

Според ДУИ зад инцидентот во Струга нема внатрепартиски мотиви како во Куманово туку станува збор за инцидент со криминална заднина.