Убиство во Градско: Малолетник ја застрела мајка си

Семејна трагедија вечерва се случила во домот на семејството Мусови во Градско.

Според првичните информации, 17-годишниот син О.М. сакал да ја премести ловната пушка во друга соба, но не знаел дека истата е полна, при што дошло до испукување.

Куршумот ја погодил неговата мајка, 52-годишната Ѓулизера која починала на лице место.

Во тек е полицискиот увид, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.