Убиство во Кавадарци

Мртва жена била најдена вчеравечер на улицата Индустриска во Кавадарци.

Трупот го забележале случајни минувачи, кои веднаш ја алармирале локалната полиција.

Според првичните неофицијални информации, на телото на жената имало видливи траги од насилство.

Од полициски извори дознаваме дека е уапсено едно лице, осомничено за злосторството, кое се наоѓа во кавадаречката полиција на распит.

Телото на убиената педесетгодишна жена било однесено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.