Македонија,Крими хроника

Познат идентитетот на жртвите од денешното убиство во Козле

Познат идентитетот на жртвите од денешното убиство во Козле

Полицијата го утврди идентитетот на жртвите од денешното убиство во Козле. Станува збор за педесет и двегодишната Ѓулчин Е. и дваесет и деветгодишниот Самет С. на кои им било во пределот на главата.

Жртвите од двојното убиство во Козле се мајка и син од Турција кои биле на гости и престојувале во куќа сопственост на Н.А. (57).

Од полицијата велат дека превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на денешното убиство во Козле.

Покрај двојното убиство во Козле денеска убиство имаше и во кумановско Диво насеље. Минатата недела, пак, во Куманово беше убиен Шипоња.

Зет го уби таткото на сопругата во Куманово

Зет го убил таткото на сопругата во кумановската „Дива населба“. Според првичните информации зетот пукал во таткото и братот на неговата сопруга нешто по 11, 15 часот на улицата „Тоде Мендол“ број 140.

Според неофицијалните информации, вооружениот инцидент се случил по претходна семејна расправија.

Како што пишуваат дел од медиумите сопругата на напаѓачот се вратила кај своите родители откако тој заминал на работа во Косово. Кога се вратил во кумановската населба, отишол во домот на неговиот дедо и со огнено оружје пукал кон таткото и братот на сопругата.

Од повредите дедото починал на самото место, додека шурата е пренесен во Кумановската болница.

Од полицијата за локалниот портал Куманово Њуз потврдија дека имало пукање во населбата, но не даваат информација дали има убиени и повредени.

 

Изминатата недела јавноста во Македонија беше сведок на две убиства – едното во Куманово, а второто во Струга.