Убиство во Тетово

Синоќа, околу 23.15 часот во Тетово се случи убиство, по  расправија помеѓу лицата А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна, и од друга страна Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово.

Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. се здобиле со прострелни рани во пределот на нозете, по што истите се пренесени во Клинички центар-Скопје за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Тетово.

По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. СВР-Тетово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.