Убиство во Шутка

Трагичен крај на љубовта, очувот на неговата жена го усмртил со удар со метална шипка по главата. Љубовта 25 годишниот Аки Реџепи од Шутка ја платил со животот. Очувот Суат Беслими (36) го усмртил кога Аки тргнал да си ја врати невестата.

Расправијата меѓу семејствата била оддамна , не му ја давале жената со која имал дете, а второто било на пат, пишува „Алфа“.

Мајката на убиениот Аки, рекла дека вчера, на Бајрам два пати го тепале.

Дека имало инцидент сведочи и автомобилот на убиениот Реџепи на неколку метри од куќата на семејството Бислими. Колата е целата искршена, а соседството не сака да зборува за убиството оти како што велат не сакаат да си имаат работа со нив.Полицијата поднесе кривична пријава против очувот Суат Бислими

Според изјавите на соседите, очувот сакал да ја продаде за пари, а децата да питачат.