Убиство во Скопје: Маж пронајден заврзан со кабли приклучени на струја

Триесет и осум годишен скопјанец е пронајден убиен во сопствениот дом утринава, потврдуваат од МВР.

Случајот во полиција бил пријавен од страна на екипа од Итна медицинска помош утринава околу 9:15 часот.

Телото на починатиот Пецо К. било пронајдено во неговиот дом на улицата „Бутелска“, обвиткано со кабли приклучени во струја и облеано со крв.

Телото на убиениот е пренесено на обдукција, а полицијата презема мерки за расветлување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.