петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Убиство во струмичко Барбарово

полиција

Последни вести

Во струмичко Барбарово, на патот во близина на училиштето, вчера во периодот од 08.00 до 09.30 часот непознат сторител ја убил З.А. (73) од истото село, нанесувајќи и повреди со тврд предмет во пределот на главата.

Телото на З.А., соопшти денеска МВР, го пронашла нејзината внука, која го известила својот татко – Т.А. (син на З.А.). Тој кога видел дека мајка му е мртва, се посомневал дека е убиена од соселанецот  А.А. (65).  Во соопштението се појаснува дека веднаш отишол во неговиот дом, земал стап и влегол во просторијата во која бил А.А., и започнале расправија која преминала во тепачка. Во тепачката Т.А. со стапот му нанел повеќе повреди на А.А. во пределот на телото и главата, а А.А. со нож му нанел три убодни рани на Т.А.

По добиената пријава за случувањето, на местото на настанот излегле и увид ивршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во домот и помошните простории на А.А. бил извршен претрес при што се пронајдени  дрво со кое истиот го извршил кривичното дело, како и два мали ножа на преклоп со кои е повреден Т.А., кои се подигнати за и дадени за вештачење.  А.А. е лишен од слобода и е задржан во ПС Струмица. По целосно документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Најчитани вести