Убиство во тепачка во Охрид

Попладнево по 18 часот во Охрид, на улицата „Будва“ во населбата „Радојца Новичиќ“, се случило убиство во тепачка која избувнала по расправија за банална причина

Според засега неофицијални информации до убиството дошло по жестока вербална расправија меѓу две повозрасни лица.

Во расправијата потоа се вмешал и синот на еден од раскараните лица при што случајот ескалирал во физичка пресметка, при што едно од повозрасните лица на околу 60 години е убиен од страна на помладо лице.

Во расправијата набрзо се вмешале синовите на двете семејства при што настанала физичка пресметка во која под засега непознати околности смртно настрадало едно од повозрасните лица.

На местото на настанот изврешен е увид, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.