Убиство во Тетово

Го убил синот бидејќи не сакал да се ожени
Го убил синот бидејќи не сакал да се ожени

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 30-годишниот Р.Ј. и 23-годишниот А.М, двајцата од Голема Речица, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, на 10-ти овој месец во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово, објави Курир.

Првопријавениот Р.Ј, веднаш по вооружената престрелка во овој објект, во која 22-годишниот А.А.од Порој задобил смртни повреди, се оддалечил во непозната насока и по него е распишана потрага, додека А.М. вчера е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово и определен му е 30-дневен притвор.