Убиство во Велес: 43-годишен маж застрелан пред сопствената куќа

Пред околу еден час во велешката населба Којник дошло до вооружен инцидент, во кој било рането едно лице. Убиството се случило на улицата „Васил Ѓоргов“ пред куќата на Тоше Коцев. Тука дошол мажот кој е осомничен за убиството и со огнено оружје ја застрелал жртвата. Ранетото лице им подлегнало на повредите.

Претходно било однесено во велепката болница, но оттаму информираат дека мажот кој бил донесен со прострелна рана има обилно крварење и веднаш бил внесен во операционата сала, но уште пред да започне интервенцијата, тој им подлегнал на повредите.

Местото на убиството е  е блокирано од полицијата, а јавен обвинител врши увид.