Убиството било планирано со месеци – убиецот имал и помошник

Убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) од Борча било внимателно планирано најмалку два месеци, дознава српски „Курир“ од извори блиски до истрагата.

Исто така, весникот пишува дека целото семејство Марјановиќ оваа недела ќе биде повторно однесено на испрашување во полицијата и на полиграф.

-Убиецот имал најмалку еден помагач и тие детално се подготвувале за ова страшно злосторство, пишува весникот.

Врз основа на досегашната истрага очигледно е дека трагите биле внимателно отстранувани, дека сторителите ги знаеле навиките и движењето на жртвата. И понатаму точно не се знае каде точно и кога била убиена, затоа што е очигледно дека телото подоцна било однесено и фрлено во каналот, вели соговорникот близок до истрагата.