Убиството на Дилавер Бојку: Крвна одмазда подготвувана две години?!

Прашање на ден беше кога некој од семејството Истрефи ќе излезе пред Дилавер Бојку – Лека и ќе го застрела со куршум во чело, велат познавачите на случувањата во струшкото подземје, пренесува Мкд.мк.

Тие се сигурни дека мотив за ова убиство е крвната одмазда и дека убиецот, кој е во бегство, е таткото на убиениот Ситем Истрефи (23). Членови на семејството Истрефи веќе подолго време се заканувале со крвна одмазда.

На плажата во центарот на Струга беше убиен Дилавер Бојку – Лека, концесионер на неколку плажи на струшкото крајбрежје. Токму овие плажи, концесии, биле причина за првичната пресметка на членови на семејствата Бојку од Велешта и Истрефи од Долна Белица уште пред две години. На 13 декември 2015 година во населбата Езерски лозја пред Струга, дошло до пресметка на две банди во која загина Ситем Истрефи, а неговиот брат Прентим  бил тешко ранет. Во пресметката биле употребени автоматско оружје и пиштоли.

Од другата страна на престрелката биле братот и синот на Дилавер Бојку. Во таа престрелка потешко бил ранет братот на Бојку, Башким  (45), кој сѐ уште е во притвор. Синот на Бојку и натаму се води дека е во бегство, а често бил гледан како слободно шета во Велешта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.