Учебната година ја започнаа 396 првачиња во општина Ѓорче Петров

Учебната година ја започнаа 396 првачиња во општина Ѓорче Петров
Учебната година ја започнаа 396 првачиња во општина Ѓорче Петров

Во сите основни училишта во општината Ѓорче Петров започна новата школска година. Годинава во училиштата во општината се запишаа 396 првачиња. Во сите општински училишта во учебната 2015-2016 настава од прво до деветто одделение наставата ќе ја следат вкупно 3.341 ученик.

Како што информираат од општината во ООУ„ Ѓорче Петров“ беа пуштени во употреба и трите нови училници.

Од ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ апелираат до родителите на учениците кои времено се дисперзирани од училиштето во Хром да се обратат до службите во централното училиштето за добивање на точни податоци на локациите од каде што ќе бидат земани и оставани децата од превозниците кои ги обезбеди општината.

Тоа ќе трае се до завршување на градбата на училиштето во Хром.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.