Ученици дилаат дрога во училишни дворови

Училишните дворови во Србија станаа едно од главните места каде ученици дилаат дрога, пишува српски „Курир“.

Весникот повикувајќи се на изјава на Милорад Антиќ, претседателот на Форумот на средни стручни училишта и наставник во белградското училште за нега и убавина вели дека како дилери се почесто се користат деца до 14 години затоа што кривично неможат да одговараат пред суд. Тој вели дека во училишните дворови ученици дилаат дрога која е „подостапна“.

Дилањето дрога почнува уште во основното училиште, додека во средните стручни училишта тоа зема толку голем замав, што речиси нема средно училиште во Белград во чиј двор барем еднаш не биле разменети наркотици. Најчесто се дилаат „лесни“ дроги – екстази, тродон и марихуана, а ретко кокаин и хероин, вели Антиќ за српски „Курир“.

Лесните дроги се продаваат по цена на чоколада

Најчесто се дилаат „лесни“ дроги – екстази, тродон и марихуана
Најчесто се дилаат „лесни“ дроги – екстази, тродон и марихуана

„Лесните“ дроги се поевтини, па на тој начин се подостапни за поголемиот број ученици.

Кога паѓаат цените на другите производи, дилерите ја спуштаат и цената на наркотиците. Една таблета екстази или тродон се продава по цена на една чоколада. Но, дрогата не им се нуди на сите ученици. Синџирот на дилање дрога по училиштата е толку многу разработен, што дилерите имаат профиатл на ученици што се нивна целна група. Тоа по правило се ученици што бегаат од часови и во главно поминуваат доста време во дворот, а потекнуваат од добро ситуирани семејства. Дрогата им ја доставуваат нивните врсници, кои им влеваат доверба со самото тоа што одат во истото училиште, вели Антиќ.

Училишните дворови се јавна површина

За работите да бидат уште полоши дилањето дрога меѓу учениците тешко може да се спречи затоа што училишните дворови се сметаат за јавна површина.

За време на јавната расправа за Законот за основите на системот на образованието истакнав дека тоа е голем проблем и барав училишните дворови да се исклучат од режимот за јавни површини за училиштата полесно да може да го конролираат влезот и протокот на луѓе. Но, сеуште нема одговор. Инаку, полицијата во Нови Сад за време на акцијата „Ученик“ која се спроведува во училишните дворови, нашла голем број ладно оружје, наркотици кај трети лица, па дури и четири лица со црвена потерница, кои што се гонат за најтешки кривични дела – истакнува Драгана Ќориќ од здружението Родител.