среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 28

Ученици од ОУ „Лазо Трпоски“ наградени на натпревар за литература во Токио

lazo-trposki

Последни вести

Основното училиште „Лазо Трповски“ е наградено на Меѓународниот литературен натпревар за млади што традиционално се одржува во јапонскиот град Токио.

Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, а се организира во рамки на одбележувањето на 71 година од основањето на УНЕСКО. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.

На натпреварот учествуваа 12.937 ученици од 153 земји, а училиштето „Лазо Трповски“ го претставија ученичките Александра Исајловска и Матеа Шутарова кои напишаа прозни творби во форма на есеи на тема „Да создаваме подобра иднина преку образованието“. Ментори на двете ученички беа Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, Соња Јовановска, предметен наставник по македонски јазик и Лилјана Симоновска, предметен наставник по англиски јазик.

Личната творба напишана во форма на есеј не смееше да содржи повеќе од 700 збора и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето (германски или англиски јазик).

Наградите ќе бидат врачени на свеченост на 29 ноември годинава во Токио, а наградата на ООУ „Лазо Трповски“ ќе му ја врачи почесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, Казу Лешниковска.

Најчитани вести