Ученик удрил вработена во обезбедување зашто не го пуштила на час

Ученик удрил вработена во обезбедување зашто не го пуштила на час. Сличајот бил пријавен вчера околу 12,20 часот во ЦИК-Скопје.

Како што информира МВР, А.А. вработена во агенцијата за обезбедување СГС пријавила дека во кругот на СУГС др„Панче Караѓозов“, додека извршувала работни задачи била физички нападната со еден удар во пределот на раката од страна на ученик.

Шеснаесет годишниот А.М. од Скопје ја нападнал вработената поради тоа што барал  да влезе на час, но не му било дозволено бидејќи часот бил започнат.