четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 56

Пратеници од македонското Собрание учесници на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена

На оваа дводневна Зимска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ која се одржува во Виена и започна денес, во својство на Делегација на Собранието на Република Македонија учество земаа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, како и пратеничката Рената Десковска.

IMG_1217

Последни вести

Во центарот на вниманието на дебатата на Зимската сесија е токму актуелната криза со мигранти и бегалци во регионот на ОБСЕ, како и заложбите за превземање на мерки за справување со овој проблем.

IMG_1215

На оваа дводневна сесија учествуваат речиси 300 парламентарци од 57 земји учеснички во ОБСЕ и земји партнери за соработка. Членовите на делегацијата на Собранието на Република Македонија на оваа зимска сесија во Парламентарното Собрание на ОБСЕ, денеска информираа за подготовките на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која оваа есен ќе се одржи во Скопје, поточно од 29 септември до 2 октомври.

IMG_1216

За таа цел, во Конгресниот центар Хофбург, каде што се одржува оваа зимска сесија, поставен е и штанд со информативни материјали и презентации за промоција на Република Македонија пред учесниците и гостите на оваа зимска сесија во ПС на ОБСЕ. Пратениците информираат дека за организација и поставување на овој штанд за промоција на нашата држава голема заслуга има и амбасадорот на Република Македонија во ОБСЕ, Кире Илиоски.

Најчитани вести