недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 23

Учество на Попоски на редовниот Министерски состанок на Северно – атлантскиот Совет на НАТО

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на редовниот Состанок на ниво на министри за надворешни работи, во формат Северно-атлантски совет на НАТО и оперативните партнери во мисијата Решителна подршка во Авганистан.

13221654_10154259791544850_7507589359588557239_n

Поврзани вести

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на редовниот Состанок на ниво на министри за надворешни работи, во формат Северно-атлантски совет на НАТО и оперативните партнери во мисијата Решителна подршка во Авганистан.

13230295_10154259791574850_2527923488564268153_n

Министрите за надворешни работи на земјите кои учествуваат во мисијата „Решителна поддршка“ разговараа за продолжување на мисијата во текот на 2017 година, за понатамошната подршка на финансиската одржливост на авганистанските безбедносни сили, силната политичка и практична соработка со земјата, како и улогата на НАТО Алијансата и нејзините партнери во обезбедување на сигурна и просперитетна иднина на земјата и региoнот.

13239937_10154259791639850_9069433297817104001_n

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, од наша страна беше нагласена подготвеноста за понатамошна поддршка на НАТО во меѓународните мировни операции и посебно во мисијата „Решителна поддршка“ во рамки на нашите капацитети и способности, со цел градење на стабилна и безбедна иднина за Авганистан и регионот.

13240716_10154259791564850_4356042599903837735_n

На маргините на состанокот министерот Попоски оствари билатерални средби со помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд и министрите за надворешни работи на Германија, Турција, Унгарија, Грција, Бугарија и Холандија залагајќи се во насока на побрзо остварување на евроатланските амбиции на Република Македонија.

Најчитани вести