Ученичка доживеа срцев напад за време на вежба на Црвениот крст

Екипите на Црвениот крст, го спасија животот на 15-годишно девојче кое поради здравествени проблеми, доживеа срцев напад. Настанот се случил за време на показната вежба на Црвениот крст во охридското економско училиште, по што веднаш било интервенирано со давање кислород и транспорт во болница.

Како што информира ТВ Канал 5, екипите на Црвениот крст изведувале јавна вежба за пожар и евакуација во која учествувале учениците од ова училиште, брзата помош,дирекцијата за заштита и спасување, полицијата,  пожарникарите и волонтерите на Црвен крст.

-Да,  можеме успешно да се справиме сите служби си ја  познаваат работата во својот делокруг и сите изреагираа професионално ,вели Горан  Маркоски заменик командир на Пртовпожарна единица Охрид.

За осум училишта во охридско се веќе изработени планови за евакуација  според кои и учениците и професорите ќе бидат  подготвени за несакани ситуации.

-Со сите училишта да ги направиме овие показни вежби во случај на несреќа да знаат сите како да реагираат. Денес беше сценариот пожар, во Христо Узунов имавме сценарио земјотрес  Имаме различни сценарија тоа е и законска обврска, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.

Црвениот крст Охрид  од Националниот здравствен сервис на Холандија доби донација специјално амбулантно возило кое ќе се користи како испомош на единицата за спасување на вода  и планина.

– Многу сум возбудена и среќна што ова амбулантно возило ќе врши значајна работа овде и среќна сум што овој проект успеа,вели Карла Лорти Црвен крст Холандија.

Според најновите информации, девојчето кое доживеа напад е надвор од животна опасност, пред се, поради ефикасноста на медицинските тимови кои успешно реагираат и во реални ситуации.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.