Скопска ученичка силувана во училишен тоалет

Малолетник силувал ученичка, вчера, во тоалет во скоспкото основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид, соопшти полицијата.

Според првичните информации, петнаесетгодишен ученик насилно ја внел својата четиринаесетгодишна соученичка, инаку негова поранешна девојка, во тоалетот. Таму ги чекало друго петнаестгодишно момче, кое насилно извршило полови дејствија врз малолетничката.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.