Ученици се степале во ГУЦ, обезбедувањето ги разделило

Средношколци се степале во дворот на училиштето, обезбедувањето ги разделило.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера постар средношколен кој бил вонреден ученик  нападнал малолетник во дворот на училиштето „Здравко Цветковски“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека околу 13.30 часот, 18-годишниот И.Д. од скопско  село Крушопек го нападнал 16-годишниот М.Л.

Насилникот го удрил помалиот ученик со глава во пределот на аркадата нанесувајќи му повреда во вид на црвенило.

Кога М.Л. се обидел да извади метална палка на расклопување, бил спречен од вработениот во обезбедувањето на училиштето да ја употреби.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.