Македонија

Учениците македонци во Тетово од утре во нов објект

Учениците македонци во Тетово од утре во нов објект

Учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ” кои наставата ја следаат на македонски јазик од утре на училиште ќе одат во друг објект.

Договор меѓу локалните власти и родителите треба да биде постигнат денеска.

Ова е резултатот од дводневниот бојкот на наставата во бараката во дворот на гимназијата за каде учениците и нивните родители тврдат дека е небезбедно да се учи.

Бојкотот на наставата дојде по инцидентот во дворот пред бараката кога еден средношколец бил прободен со нож.