Учениците од Општина Илинден низ работилници се запознаваат со значењето на енергијата

Учениците од трите основни училишта во Општина Илинден се дел од проектот ,,Едукација за значењето на енергијата, начинот на производство и употреба преку теоретски и практични примери“.

Проектот се реализира со поддршка на швајцарската Агенција за развој и соработка, а се спроведува од Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој – Еко Логик, има за цел да го зголеми и унапреди знаењето за значењето на енергијата кај децата од основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, на возраст од 10-12 години.

Proekt edukacija z energihjata vo OU Goce Delcev

Во рамките на проектот опфатени се темите енергија, енергетска ефикасност, алтернативни извори на енергија, климатски промени и одржливо живеење, преку реализација на креативни и интерактивни работилници.

На овие работилници беа претставени нови и креативни начини на учење за младите на темите од животната средина, а задоволството и среќата кај учениците беше видлив показател за ефектите кои што ги имаат овие едукативни работилници.