Учениците од Општина Кисела Вода шампиони во собирање на отпадни батерии

Општина Кисела Вода го освои првото место во Скопје, а второ во Македонија во собирање на отпадни батерии „Гоу Клин”, во акција што се спроведуваше од 15 април до 15 ноември годинава, во 76 училишта.

Со собрани 157 кг отпадни батерии, учениците од Кисела Вода дадоа свој удел во развивањето на јавната свест за опасноста од несоодветен третман и потребата за рециклирање на овој отпад.

Најдобри резултати покажаа уччениците од ОУ „Св. Климент Охридски” од село Драчево. Тие собраа 33.5 кг отпадни батерии. На второ место во општина Кисела Вода, се учениците од ОУ “Рајко Жинзифов-симбол на кинеско-македонското пријателство” со собрани 30.5 кг. ОУ “Невена Георгиева-Дуња” се најде на трето место со 23.5 кг.

Целосната ранг листа за општина Кисела Вода изгледа вака:

ОУ “Св. Климент Охридски” 33.5 kg

ОУ “Рајко Жинзифов-симбол на кинеско-македонското пријателство”  30.5 kg

ОУ “Невена Георгиева-Дуња” 23.5kg

ОУ “Кузман Шапкарев” 17 kg

ОУ “Кирил Пејчиновиќ”15 kg

ОУ “Кузман Јосифовски-Питу” 14 kg

ОУ “Круме Кепески” 11 kg

ОУ “Партение Зографски” 10.5 kg

Општина Кисела Вода 2 kg

Во текот на проектот се организираа и јавни настани, како што беше едукативно-музичкиот настан на 24 Октомври во клубот Хавана кој беше посетен од над 2.500 млади луѓе, а се собраа 8870 отпадни батерии, 208  мобилни телефони, 12 батерии од лаптоп, 4 батерии од фотоапарат и 30 мали акумулатори од алармни уреди.

На завршниот настан, вчера, во ЕУ инфо центарот беа презентирани и општи резултати од целиот проект кои говорат за собрани 922 кг употребени батерии. На ниво на Македонија, најдобри реултати има општина Штип.

Соработката на општина Кисела Вода со Гоу Грин продолжува и понатаму. Со едукативни работилници низ училиштата, токму од општина Кисела Вода започна одбележувањето на  ЕУ Недела за помалку отпад, која трае од 22 до 30 Ноември и претставува главен настан во Европа за подигнување свест и едукација на темата управување со отпад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.