Учениците во Карпош добија бесплатни ужинки и излети

Советот на општина Карпош изгласа бесплатни ужинки за учениците од прво и второ одделение, како и  бесплатен излет за учениците од прво до петто одделение.

Изгласана е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за издавање под закуп на училишни спортски сали и друг простор во основните училишта на територија на општина Карпош, беше усвоена со 20 гласа „за“ и еден воздржан.

Со еден воздржан глас мина и Предлог – одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и општина Карпош за изградба на крак од улица Војвода Васил Чакаларов за пристап и паркинг на станбените објекти „Порта Козле“.