Учениците во кичевските училишта од понеделник на настава

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која ќе биде решен проблемот во кичевските училишта, каде настава не се одржуваше поради фактот што немаше греење.

Имено, Владата обезбеди 50 тони нафта за греење и 10 тони нафта за превоз.

Учениците од понеделник ќе се вратат во училишните клупи, а Владата подготви и програма на кој начин ќе се дополни наставата која учениците ја пропуштија поради проблемот.