ФОТО: Малолетник прободен со нож кај „Лептокарија“

Еден ученик заврши со убодни рани по инцидентот кој околу 10:30 часот денеска се случи пред пекарата „Специјал“ во близина на трговскиот центар „Лептокарија“ во Скопје.

Според првичните информации, инцидентот започнал како вербална расправија меѓу средношколци од ГУЦ „Здравко Цветковски“ по што еден од учениците извадил нож и нападнал друго момче. Сторителот бил малолетен ученик од село Грчец.

Повреденото момче се здобило со телесни повреди на кои итно интервенирала Брзата Помош.

Сторителот се дал во бегство а полицијата ја расчистила толпата средношколци. По кусо време било приведено едно лице кај кое е најдено оружјето со кое е извршен нападот.

lepto12

Сеуште се утврдува дали се работи за сторителот на делото.

lepto1