Ученик со роднини нападнал професор во средно училиште

Во средното училиште „8 Септември, поранешен ЕМУЦ, во скопската населба Автокоманда претпладнето ученикот С.Б, заедно со својот татко и чичко, физички го нападнале класниот професор М.А и уште неколку други професори.

Настнала масовна тепачка меѓу ученикот, неговиот татко и чичко, од една страна и од друга страна класниот професор и неколку други професори.

Од полицијата информираат дека засега не се познати причините за тепачката, но се работи на расчистување на инцидентот.