Учество на ФЗОМ на осмиот Балкански форум на јавно здравствено осигурување во Тирана, Албанија

Директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази во периодот од 25-26 септември 2014 година зема учество на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува во Тирана, Албанија.

На овој еминентен стручен собир учествуваат директори на фондови за здравство и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Косово, Хрватска, Република Српска, кои ќе имаат свои излагања поврзани со предностите и негативните апсекти на главните финансиски методи на здравствениот систем.

Директорот Мехази има презентација на тема финансирање на здравствените услуги од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, односно како системот на финансирање на здравствени услуги влијае на финансиската стабилност на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, квалитетот на здравствените услуги и буџетот обезбеден од јавните здравствени установи.