Учество на министерот Џафери на „SOFEX 2014“

Делегација од министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Талат Џафери од вчера учествува на неколкудневната конференција и егзибиција „SOFEX 2014“ која се одржува во главниот град на Јордан, Аман.

SOFEX 2014 вклучува низа настани предводени од конференцијата на која учество земаат проминентни личности од сферата на одбраната и безбедноста, вклучувајќи министри за одбрана, началници на Генералштаб, команданти на сили за специјални операции и челници на политички директорати. На егзибицијата свое претставување имаат поголем број мали, средни, но и интернационални производители кои ќе извршат демонстрација на најновата опрема и технологии.