Училишни униформи за основците од Аеродром од септември

Учениците во основние училиште во ОпштинаАеродром од септември ќе носат училишни униформи.

Трошоците за истите ќе ги покрие Општината.

Училишната облека ќе се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој ќе биде извезено логото на општина Аеродром и името на училиштето. Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони.

Целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во исти униформи, а со тоа според градоначалникот Коневски, основните училишта во општина Аеродром ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи.

Со униформите ќе се постигне чуство на еднаквост меѓу децата и нема да има поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување. Од друга страна пак, на родителите ќе им се намалат трошоците за купување гардероба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.