Училиштата и градинките во Скопје не го поддржуваат штрајкот на СОНК

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски по одржаниот координативен состанок со градоначалниците на скопските општини информираше дека училиштата и градинките во Град Скопје нема да го поддржат најавениот штрајк од СОНК и се подготвени за почетокот на второто полугодие.

 -Сакаме да ги информираме учениците и родителите во вторник да дојдат на училиште затоа што наставата ќе се одвива нормално и родителите да ги донесат своите деца во градинките бидјеќи истите ќе бидат отворени, посочи Трајановски.

Тој посочи дека изминатава недела биле контактирани сите образовни институции во Скопје кои се опфатени со најавениот штрајк и досега не е пријавено од ниту една институција дека ќе се одржи штрајк.

Градоначалникот додаде дека секој има право на штрајк и некој нема да го оспорува, меѓутоа институциите се надлежни да најдат замена за просветните работници кои ќе се одлучат да штрајкуваат.

Тој додаде и дека ако учениците губат часови ќе треба истите да ги одработуваат во сабота или пак да се продолжи учебната година.