Училиштата под строги контроли да се спречи ширењето на жолтицата

Вкупно 119 лица во Македонија се заболени од жолтица, од нив само во текот на вчерашниот ден биле хоспитализирани пет заболени. Најмногу заболеми има во Скопје – 83 случаи, па во Штип каде се заболени 36 лица, а поеднечни счучаи на Хепатит А има и во Гостивар и во Куманово.

На синоќешната седница на Комисијата за заразни заболувања е донесена одлука од денес па во следните неколку дена од Здрвствениот и Просветниот инпекторат да излезат на терен и да проверат на какво ниво е хигиената во градинките и училиштата пред почетокот на учебната година.

Д-р Жарко Караџовски, истакна  дека првиот училишен час ќе започне со процес на миење на рацете, предавања за лична хигиена, начин на пренесување на вирусната жолтица, како и начини на превенција.

– Во Скопје и Штип каде е прогласена епидемија на жолтива ги задолжуваме директорите на училиштата да преземат одредени мерки и активности за хигиената во училиштата, на лицата одговорни за хигиена да им се објасни како и на колку време треба да се читат и дезинфецираат тоалетите, односно пред почетокот на часовите, за време на големиот одмор и по часовите, нагласи Караџовски.

На влезот пред секое училиште, посочи тој, ќе има поставено т.н. дезбариера, и учениците пред да влезат во образовните објекти, ќе бидат задолжени да ги натопат, односно да ги дезифенцираат своите обувки.

Исто така на синоќешната седница, било донесено и одлука со која локалните самоуправи се задолжуваат да спроведуваат задолжително миење на улиците со цистерни со голем притисок, а посебно во општините каде веќе има пријавено епидемија.

– Локалната самоуправа на Штип е задолжена да постави и информативни табли на кој ќе пишува дека водата не е за пиење, на оние места каде што има непроверена вода за пиење, додаде тој.

Караџовски најостро ги демантираше шпекулациите дека болеста се пренесува преку вода за пиење, нагласувајќи дека хепатитот А се пренсува по контактен пат, односно преку нечисти раце.

Тој апелираше за зголемување на личната и колективната хигиена, како најважен начин за превенција од жолтица.