Училиштата во Ѓорче подготвени за првото ѕвонче

Сите шест училишта во општината Ѓорче Петров се целосно подготвено за почетокот на новата учебна 2014-2015 година. Уредени се сите училишни дворови, училници, пристапни патишта и патеки.

Пред се ќе се презвемаат вонредни мерки за покачување на нивото на хигиента во училиштата, информираат од општината.

Општината во соработка со полициската станица Ѓорче Петров на први септември ќе го зголеми и надзорот над сообраќајот на улиците кои водат кон училиштата заради поголема безбедност на учениците. Оваа акција ќе трае една недела.

Општината апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите за да можат децата непречено да се движат кон своите училишта, да внимаат и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци посебно оние кои означуваат близина на училишта.