Училиште ќе биде затворено бидејќи е проколнато

Министерството за образование во саудискиот град Медина донесе одлука девојчињата кои одат во училиштето во Ал Шалајел итно се преселат во некоја друга зграда, бидејќи онаму каде биле едуцирани, така барем тие веруваат, зградата е опседната.

Локалниот весник Ал Ватан наведува дека последните неколку денови многумина од нив од страв не оделе на настава, а дополнителен притисок на надлежните институции направиле родителите кои биле уплашени за животот на нивните деца.

Директорката и претходно побарала интервенција од претпоставените, бидејќи тоа е проблем кој не е нов, но по тоа прашање се до пред неколку дена ништо не било преземено доколку се земе предвид дека во училиштето бил испратен човек кој се обидел да помогне така што рецитирал реченици од Куранот.

Ученичките, според весникот, често се онесвестувале или имале напади и дека можеби ги мачат така наречени џини луѓе, се посомневале откако слушнале две хорор сведоштва.

Така една ученичка тврди дека видела стар човек како седи на училишното игралиште, а чистачот, дека видел деца како на истото место насред ноќ играат фудбал.

Она што ги прави посебни ваквите средби е тврдењето дека тој стар човек и малите фудбалери исчезнуваат во моментот кога девојчето и чистачот се обидувале да им се приближат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.