Училиште за оние кои сакаат да спијат до доцна

Приватното училиште „Хемптон Корт Хаус“ им го оствари сонот на сите ученици кои сакаат да спијат до доцна.

Наставата во ова училиште ќе започнува исклучиво од 13:30 часот.

Директорот на училиштето, Гај Холовеј истакнал дека новиот распоред им овозможува на учениците подобро да го организираат денот.

„Постојат сé повеќе докази кои го потврдуваат тоа што наставниците и родителите веќе одамна го знаат, а тоа е дека многу тинејџери не спијат доволно во текот на неделата, а тоа има негативни последици по нивното ментално и физичко здравје”, рекол тој во изјава за Daily Mail.

Тој додал дека истражувањата јасно покажуваат дека адолесцентите се програмирани да легнуваат доцна навечер и да спијат подолго, а таквата состојба вообичаено трае до 21 година.