Македонија

УЧК го награди Милчин како заслужен за унапредување на Албанците

УЧК го награди Милчин како заслужен за унапредување на Албанците
Наградата која УЧК му ја врачи на поранешниот прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ и најпозната соросова фигура во Македонија, Владимир Милчин, предзивика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Граѓаните коментираат за поданичкиот и понизен поглед на Милчин до косовскиот претседател Хашим Тачи.  Милчин беше одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“, потег кој предизвика револт кај Македонците.
Милчин се најде меѓу 100-те личности од Македонија кои беа одликувани, меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.  Граѓаните коментираат дека наградата е резултат на долготрајни напори, посветеност и макотрпна работа од страна на Милчин.

milcin-2

milcin-1

protest-sdsm-golema-albanijaОдликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.

281425За потсетување, ви­стин­ски­от ор­га­ни­за­тор и на про­те­стот, а, ка­ко што се чи­ни, и на по­ли­тич­ка­та кри­за во земјата, беше Вла­ди­мир Мил­чин. Се­ка­ко, ту­ка беа и при­друж­ни­те во­ка­ли во форма на граѓански здруженија, а за­ед­нич­ко на си­те, вклучително и СДСМ, е тоа што, всуш­ност, си­те тие „се хра­нат“ од џе­пар­ла­кот од Со­рос, спо­ред ра­ка­та на Мил­чин.

На митингот беше истакната и јавна поддршка за 113-та косовска бригата именувана по Исмет Јашари, чии членови и челни луѓе го предводеа упадот во Куманово една недела пред митингот. Во таа пресметка со те­ро­ри­сти­те паднаа осум по­ли­ци­ски жи­во­ти. На тоа се на­до­вр­зу­ва­ат и сим­бо­ли­те за иде­и­те за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, со кои на­се­ка­де на Бал­ка­нот се пре­диз­ви­ку­ва­ат ин­ци­ден­ти, по­ткре­пе­ни и со скан­ди­ра­ња за УЧК. Заев и СДСМ потоа ја почнаа кампањата кон албанските гласови.

Побаравме став од Фондацијата Отворено Општество- Македонија за одликувањето на Милчин, но од таму само кусо ни одговорија дека Милчин веќе година и повеќе не е извршен директор на ФООМ, а за повеќе детали прашања да испратиме на официјалната и-мејл адреса. По писмен пат прашавме колку Фондацијата е горда на наградата која УЧК му ја додели на Владимир Милчин, но повеќе од еден час, до моментот на објавување на текстот, одговор не добивме. Фондацијата која промовира отвореност и транспарентност не кажува ни збор за одликувањето на Милчин.

tachi-740x342

Инаку, во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20. век“. Тоа, посочува Тачи пред присутните, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.

– Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови- додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на албанските национални интереси.